1 ДЕН: 20.06.2024 – Скопје – Будва
- Состанок со групата во 23.00 час, поаѓање за Будва во 23.30 час. Се патува преку Косово и Албанија со папатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ДЕН: 21.06.2024 – Будва
- Пристигнување во Будва во утринските часови – Пристигнување во Будва во утринските часови, (пауза за фотографирање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во хотел со 3* во Будва. Слободно време за одмор или прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на стариот град, цитаделата, бројните кафулиња и ресторани – Во попладневните часови можност за присуство на дефилето на маските кои ги има од целиот свет. Вечера.Ноќевање.
3 ДЕН: 22.06.2024 – Будва
- Појадок. Слободен ден во Будва. Вечера.Ноќевање.
4 ДЕН: 23.062024 – Тиват и Котор
- Појадок. После појадокот одјавување од хотел . Поаѓање за Котор, разглед на еден од најубавите градови на Црногорското приморје, прошетки во стариот дел од градот. Откако ќе направиме убава обиколка и ќе се прошетаме во Котор, во договореното време групата се упатува кон пристанишниот град кој многумина го споредуват со Монако, градот Тиват и Порто Монтенегро место каде што ужива и одмара светскиот џет-сет. Во договорено време состанок со групата и поаѓање кон Македонија. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во вечерните часови.
НАПОМЕНА: Патниците кои нема да доаѓаат на факултативната посета во КОТОР, остануваат во БУДВА и ќе бидат информирани од водичите за време и место на поаѓање од БУДВА.
ЦЕНА: 129€
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Сместување во Хотел 3* – Будва со појадок и вечера
- Автобуски превоз
- Разглед на Будва
- Туристички придружник во текот на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Посета на Тиват и Котор: 15€
- Патничко – здравствено осигурување
- Индивидуални трошоци
- ID: 5161
- Удобности: Клима уред Паркинг Мини кујна Приватен тоалет WiFi Ресторан