Во> Викенд Понуди

11 Октомври: Будва со посета на ОСТРОГ!

1 ДЕН: 10.10.2024 ( Четврток )

Состанок со групата во 23.00 час, поаѓање за Будва во 23.30 час. Се патува преку Косово и Албанија со папатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ДЕН: 11.10.2024 ( Петок )

Пристигнување на Острог во раните утрински часови. Сместен во карпа, изидигнад над шума, на 900 метри надморска височина е домот на големиот чудотворец Василиј Острошки, каде се чуваат и неговите мошти. Манастирот Василиј Острошки датира од 17 век и е сместен во карпест крај во Црна Гора, помеѓу Никшиќ и Подгорица. Овој манастир е меѓу најпостуваните светилишта на Балканот, манастар каде се случуваат чуда. Овде доаѓаат посетите од сите религи и нации и се верува дека моштите на свети Василија Острошки се чудотворни. По посетата на Острог се упатуваме кон Будва. Разглед на градот со локален водич.Сместување во Хотел 3*.Слободно време за одмор. Вечера. Ноќевање.

3 ДЕН: 12.10.2024 ( Сабота )

Појадок. Можност за факултативна посета на Дубровник, кој преставува еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15. и 16. век. Од градските ѕидини се пружа незаборавен поглед на Островот Локрум и преубавот Јадранско море… Слободно време за разглед на градот. Враќање кон Будва. Вечера. Ноќевање.

4 ДЕН: 13.10.2024 ( Недела )

Појадок. После појадокот одјавување од хотел . Поаѓање за Котор, разглед на еден од најубавите градови на Црногорското приморје, прошетки во стариот дел од градот. Откако ќе направиме убава обиколка и ќе се прошетаме во Котор, во договореното време групата се упатува кон пристанишниот град кој многумина го споредуват со Монако, градот Тиват и Порто Монтенегро место каде што ужива и одмара светскиот џет-сет. Во договорено време состанок со групата и поаѓање кон Македонија. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во вечерните  часови.

НАПОМЕНА!! Патниците кои нема да доаѓаат на факултативната посета во КОТОР, остануваат во БУДВА и ќе бидат информирани од водичите за време и место на поаѓање од БУДВА.

ЦЕНА 119€

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Сместување во Хотел 3* – Будва
  • 2 ПП ( појадок, вечера )
  • Автобуски превоз
  • Посета на Острог и разглед на Будва
  • Туристички придружник во текот на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Посета на Тиват и Котор: 15€
  • Посета на Дубровник: 35€
  • Туристичка такса: 2€ – по лице ( за целиот престој )
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Превоз со локален минибус на Острог до горниот манастир – 2€
  • Индивидуални трошоци

НАПОМЕНА:

  • За со сопствен превоз се намалува 20 евра од цената
  • Деца од 0-2 год бесплатно
  • Деца од 2 – 6 години – плаќаат само седиште во автобус – 35 евра
  • Деца од 6 – 12 години – 20% попуст на сумата
  • За еднокреветна соба се доплаќа 70% од аранжманот!
  • Се патува со СТАРА ВАЖЕЧКА ЛИЧНА КАРТА !
  • За влез во Хрватска потребен е ПАСОШ!
  • За факултатитивете патникот се изјаснува во агенција, а плаќањето е во автобус!
  • ID: 5279
  • Удобности: Ресторан

Budva,Будва,Црна Гора