Во> 8 Декември

Бања Здрело – Ѕвездена Капија

Испитуваната вода од бунарот „Терме Ждрело“ кај Петровац на Млави спаѓа во категоријата олигоминерални води поради ниската концентрација на растворени цврсти материи која е помала од 1 gr/l. Неговата вкупна минерализација е 0,5756 gr/l, а сувиот остаток на 180°C е 0,258 gr/l, што укажува на многу слаба минерализација.

Доминантни катјони се калциумот, магнезиумот и натриумот, додека главниот анјон е хидрокарбонатот. Количините на овие јони се занемарливи во однос на вкупната минерализација на водата.

Термоминерална вода со исклучителен хемиски состав и карактеристики е она по што е општо позната Бања Ждрело. Водата доаѓа од длабочина од 180 m, нејзината температура надминува 80℃.  Како што минува низ студените слоеви на земјата, достигнува и одржува константна температура од 40℃ и во лето и во зима.

Според направените анализи, водата успешно се користи за терапевтски цели, како додаток во лекување на ревматизам, последици од трауми и состојби по фрактури на коските, третман на кожни болести, а може да се пие и разладена и помага при гастритис.

1 ДЕН: 07.12.2024 – Сабота

.  Состанок со групата во утринските часови. Поаѓање за Србија преку граничен премин Табановце, со паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Бања Здрело во пладневните часови. Сместување во Хотел Млавске Терме. Слободно попладне за релаксација и користење на СПА Центарот. Вечера.Ноќевање.

2 ДЕН: 08.12.2024 – Недела

Појадок. Ден предвиден за одмор и релаксација. Користење на содржините на хотелот, Спа и Велнес центарот. Вечера. Ноќевање.

3 ДЕН: 09.12.2024 – Понеделник

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија околу пладне. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во  Скопје во вечерните часови.

ПРОМО ЦЕНА: 169€ – 15.11.2024

РЕДОВНА ЦЕНА: 179€

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз до наведената релација
  • 2 ПП ( доручек, вечера )
  • Сместување во Хотел Млавске Терме 4*
  • Користење на сите термални базени со лековита вода
  • Користење на тобоганите од 12 – 18.00 час.
  • Користење на Wellness & Spa Центар ( сауна, солена соба и парно купатило )
  • ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
  • Алкохолни и безалкохолни пијалоци
  • Туристичка такса 1.5 € од ден по лице
  • Патничко – здравствено осигурување – 180 мкд.

НАПОМЕНА:

  • За со сопствен превоз се намалува 15 евра од цената
  • Деца од 0-2 год бесплатно
  • Деца од 2 – 6 години – плаќаат само седиште во автобус – 35 евра
  • Деца од 6 – 10 години – 20% попуст на сумата!
  • ID: 5347
  • Удобности: Клима уред Паркинг Мини кујна Приватен тоалет WiFi

Banja Ždrelo,Бања Здрело,Србија