ЕГЕ МОТЕЛ, се наоѓа во центарот на островот Авша на сама плажа. Располага со 1/2, 1/3, 1/4 студиа, комплетно опремени со: ТВ, мини кујна, тоалет, 24 часа топла вода, клима, балкон и WI- FI.
НАПОМЕНА:
- Цените се дадени по лице за 7 ноќи со вклучен превоз
- Користење на климата е вклучено во цената
- За термини 7+7 ноќи, одобруваме 7% ПОПУСТ на вториот термин.
- Chick In – 14.00h, Check Out – 10.00h ( по локално време ).
- Деца до 2 год. БЕСПЛАТНО – не користат седиште
- Деца од 2 – 6 год. – плаќаат само седиште во автобус – 50€
- Цена за траект Текирдаг – Авша – Текирдаг – 800 TL ( повратна карта )- се плаќа на лицеместо. Траектот се плаќа исклучиво во турски лири.
ВАЖНО:
- Поаѓањето е ден предходно од дадените термини во табелата.
- За сопствен превоз се намалува 35 € од дадените цени во табелата
- За влез во Р.Турција потребно е патните исправи да се со важност минимум 6 месеци пред истекување.
- За патувањето не е потребен сертификат за вакцинација, ниту било каков тест
- Седиштата во автобус ги одредува агенцијата, доколку имате барање за одредено седиште истото се доплаќа 15€ за два правци.
- Сместувањето во хотелот го одредува самиот менаџмент, Виор Травел не гарантира за соба со поглед на море, соба на кат или приземје.
- Доколку направите резервација телефонски истата ќе ви важи 4 часа, доколку поминат 4 часа , а за истата нема потврда за уплата – ќе се смета за откажана.
- За резервација потребна е аконтација од 30% од сумата, целосна доплата 10 дена пред поаѓање.
- Цените се изразени во евра, а уплатата се врши во денарска пртиввредност 1€ = 62 мкд.
ИНФОРМАЦИИ ЗА АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ (ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ):
Место и време на поаѓање:
Скопје 19:00 h (Автобуска станица Скопје )
Велес 19:30 h (бензиска пумпа, мотел Македонија)
Неготино 20:00 h (бензиска пумпа, Макпетрол)
Смоквица 20:30 h (бензиска пумпа, РТ петрол)
Гевгелија 21:00 h (бензиска пумпа, граничен премин Богородица)
НАПОМЕНА:
Патувањето за одење се одвива преку Р.Грција, а враќањето преку Р.Бугариja.
- ID: 4985
- Удобности: Клима уред Паркинг Мини кујна Приватен тоалет WiFi Ресторан